дома Свет Моравјецки направи лапсус, ги „потсети“ Полјаците колку е опасно ако гласаат за...

Моравјецки направи лапсус, ги „потсети“ Полјаците колку е опасно ако гласаат за неговата партија

69





Полјаците на интернет од утринава се забавуваат со новиот лапсус на премиерот Матеуш Моравјецки, кој на конференција за новинари најсериозно предупреди на „опасноста“ – неговата партија Право и Правда да се врати на власт на редовните парламентарни избори на 15 октомври.

„Сакаме да ве потсетиме на нашиот однос со Русија. Сакаме да ве потсетиме колку голема е опасноста од враќањето на власт на Право и Правда во Владата. Значењето на овие избори е огромно“, изјави премиерот Моравјецки.

„Тој првпат ја кажа вистината“, „Првпат се согласувам со премиерот“ – се најчестите коментари на опозициските политичари и други корисници од Полска на интернет-просторот.

Натаму, има и такви кои прашуваат дали премиерот се вратил во тимот на својот поранешен шеф – порано премиер, а сега главен опозициски лидер Доналд Туск, како потсетување дека своевремено Моравјецки беше еден од економските советници на Туск кога овој беше премиер.

МИА

– Реклама –








ПредходнаРуски дрон погодил возило на шведска ТВ екипа во Запорожје, само неколку моменти откако репортерите излегле
СледнаМицкоски го прави раздорот, му се исполни желбата да ме прогласи за непријател без никаква причина