дома Свет Во Грција овци изеле околу 100 килограми медицински канабис

Во Грција овци изеле околу 100 килограми медицински канабис

65





Стадо овци изеле речиси 100 килограми канабис во областа Магнезија во централна Грција. Поголема количина од родот е уништена, објави грчката телевизија „Скај“.

Набргу откако го извадил стадото на пасење, овчарот забележал дека животните се однесуваат „нетипично“. Барајќи ја причината, осознал дека овците навлегле во соседното поле за одгледување канабис за медицински цели.

По големите штети предизвикани од топлотниот бран и силните врнежи во ова подрачје летово, изедениот род е дополнителна мака за сопственикот на земјиштето.

„Не знам дали е за смеење или за плачење“, коментираше тој.

Во Грција, одгледување медицински канабис е дозволено.

МИА

– Реклама –








ПредходнаНа почетокот на идната година минималната плата ќе се зголеми за најмалку 10 отсто, вели Бектеши
СледнаСамит за сина економија 2023: Пионер во областа на одржливост на слатководни води на Балканот