дома Популарно Во македонски пиперки во Хрватска откриен забранет токсичен пестицид: „Ризикот е сериозен“

Во македонски пиперки во Хрватска откриен забранет токсичен пестицид: „Ризикот е сериозен“

74

Забранет пестицид е откриен кај пиперки од Македонија кои биле увезени во Хрватска, пренесуваат хрватските медиуми.

„Во пиперките од Северна Македонија откриени се остатоци од пестицидот форметанат. Ризикот е сериозен“, се наведува во известувањето од Европскиот систем за брзо предупредување за храна.

Форметанат, како што се посочува, е исклучително ефикасен инсектицид кој се користи во производството на овошје и зеленчук. Многу земји сè уште го користат, но во ЕУ е забранет поради сомневање дека може да влијае на здравјето на луѓето.

Овој инсектицид е високо акутно токсичен доколку влезе во организмот по орален пат, умерено токсичен ако се вдишува, а има ниска акутна токсичност ако се нанесува на кожата.

Клиничките знаци по акутна и хронична изложеност на форметанат кај стаорци се намалена телесна тежина, а кај кучињата прекумерна саливација (зголемување на лачењето на плунковните жлезди), отежнато дишење, тремор, повраќање, кашлање.

Извор: МИА

– Реклама –

ПредходнаБелгија, која претходно се противеше, сега предлага забрана за продажба на руски дијаманти во земјите од Г7
СледнаУспешен напад врз руската воздухопловна база на Крим