дома Магазин Линда Евангелиста за поранешниот сопруг: Ме малтретираше со години, тоа беше насилна...

Линда Евангелиста за поранешниот сопруг: Ме малтретираше со години, тоа беше насилна врска

59

Линда Евангелиста, некогаш најпопуларниот супермодел во светот, во документарниот филм „The Super Models“ објави дека нејзиниот поранешен сопруг Џералд Мари ја малтретирал.

Линда (58) беше во брак со Мари од 1987 до 1993 година.

Во тој период тој беше европски шеф на агенцијата „Елит модел менаџмент“.

Зборувајќи за нивната врска, Линда вели дека ќе ја памети по насилството.

„Тоа беше погрешна врска. Полесно е да се каже тоа отколку да се напушти насилна врска. Го разбирам тој концепт затоа што го живеев. Да беше само прашањето: ‘Сакам развод, се гледаме’… Не оди така. Знаеше дека не треба да го допира моето лице, она што заработуваше пари“, изјави Линда.

По разводот ја добила слободата.

И во 2020 година, седум жени го обвинија Мари за силување и сексуална злоупотреба.

Евангелиста признала дека верувала во нивните тврдења и ја пофалила нивната храброст и сила.

„Благодарение на силата на сите овие жени кои се јавија, Господ да ги благослови, имам храброст да зборувам сега“, заклучи Линда.



ПредходнаФОТО I Владо Георгиев тврди дека Земјата е рамна, а на социјалните мрежи се шегуваат со пејачот
СледнаДневен хороскоп (21.9.2023) | NetPress