дома Економија Просечната нето-плата во јули изнесувала 36.286 денари

Просечната нето-плата во јули изнесувала 36.286 денари

65

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, изнесува 114.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (19.5 %), Образование (17.2 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (16.8 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (7.9 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (5.3 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4.6 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2023 година, изнесува 36 286 денари.



ПредходнаБелата куќа бара од Конгресот уште 24 милијарди долари „од животна важност“ за Украина
СледнаПолска повеќе не испорачува оружје на Украина