дома Црна хроника Одложено судењето против Мухамед Зеќири за 24 октомври

Одложено судењето против Мухамед Зеќири за 24 октомври

56

Судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој се товари за „злоупотреба на службена положба и овластување“ се одложи за 24 октомври, откако во Основниот кривичен суд денеска не дојде предвидениот сведок предложен од одбраната, за кој беше приложен доказ за причината за отсуство.

Обвинителството го товари Зеќири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.

Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Катерина Коларевиќ.



ПредходнаЕкономските последици од војната ќе бидат уште потешки за неколку години
СледнаСе бројат деновите до големото отворање на Diamond Mall – новото уникатно доживување во строгиот центар на Скопје