дома Црна хроника За брзо возење казнети 183 возачи

За брзо возење казнети 183 возачи

63

Во текот на вчерашниот ден (21.09.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 183 возачи.

Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело дури 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 54 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 129 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.



ПредходнаСекоја боја во пастата за заби има своja улога
СледнаДанокот за солидарност удира на егзистенцијата на 180 компании