дома Популарно Мицкоски нека докаже пред Господ, пред Алах, пред државата, дека имам некакво...

Мицкоски нека докаже пред Господ, пред Алах, пред државата, дека имам некакво УСБ

120

Чиста шпекулација се изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека тој примил некакво УСБ со наводни документи и докази дека се измените на Кривичниот законик биле преговарани со поранешниот премиер Никола Груевски, изјави собранискиот спикер Талат Џафери за „Телма“.

„Апсолутно неточно. Чиста шпекулација за дневно политичка потреба. Ниту имам потреба да добивам ниту да примам било какво УСБ. Ако има нешто нека докаже. Пред кого сака, пред Господ, пред Алах, пред држава, нека почнат постапка и нека докажат дека Талат Џафери примил УСБ. Чиста шпекулација“, рекол Џафери.

Синоќа, во интервју за ТВ „Алсат“, Мицкоски повтори дека има докази за дејствувањето на „оската ДУИ-СДС-Груевски“ и рече дека можеби треба да им се освежи меморијата за „пликоата кои ги добивале со едно УСБ и Ахмети и Џафери“. Денеска Мицкоски ги повика Џафери и Ахмети да ја кажат вистината за содржината на УСБ и пликото што им било дадено.

„Па еве ќе ги прашате и Талат Џафери и Али Ахмети за содржината на тоа УСБ, на тоа плико и каков документ имало во тоа плико и јас ќе ги следам внимателно нивните изјави и внимателно ќе следам дали ќе ја кажат вистината. Еве да оставиме тие да ја кажат вистината, бидејќи тиe ги добиле два од трите документи“, рече Мицкоски при посетата на Брвеница.

Покрај претседателот на Собранието, демант за изјавата на Мицкоски стигна и од ДУИ. Во одговор за „Канал 5“, тие категорично негираат дека се преговарало со Груевски за измените на Кривичниот законик и повторија дека средбите со Груевски за кој зборуваше Ахмети во неодамнешното интервју се однесувале на пржинските преговори. Додаваат дека нема логика да се однесувале на измените на Кривичниот законик бидејќи во тоа време не постоеше ниту СЈО ниту обвиненијата на СЈО против Груевски.

„Единствените разговори за Кривичниот Законик се водени со Мицкоски на лидерските средби во Клубот на пратениците по негова иницијатива и барање откако стана претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Ахмети и Џафери немаат примено никакво плико и никакво УСБ. ДУИ не е дел од било какви интигрантни сценарија или заговори и нема двојна агенда“, категорични се од ДУИ.

– Реклама –

ПредходнаВо Норвешка е уапсен поранешниот командант на паравоената група „Вагнер“
СледнаКазнети и затворени повеќе ланци на големи маркети во Скопје