дома Македонија Партнерството меѓу ДУИ, Алијанса и СДСМ отсекогаш било креирано и поддржано од...

Партнерството меѓу ДУИ, Алијанса и СДСМ отсекогаш било креирано и поддржано од Груевски, инцидентите ги искористија како трик

57

Партнерство меѓу ДУИ, Алијанса и СДСМ не само што е поддржано, туку е и иницирано од поранешниот премиер Никола Груевски, тврди Беким Сали, екс-министерот за здравство, од редовите на Алтернатива.

„Стратешкото партнерство меѓу ДУИ, Алијанса и СДСМ отсекогаш било креирано, поддржано и иницирано од Груевски. И покрај сите напори за прикривање од минатото, – контроверзи, навреди, критики, тепања – тие отсекогаш биле синхронизирани и уникатни партнери“, напиша Сали на Фејсбук.

Сите инциденти во минатото, тврди Сали, биле искористени како камуфлажа за личните интереси.

„Тие ги искористија овие инциденти само како трик за камуфлирање на корупцијата и меѓусебните семејни бизниси поврзани со години“, додава тој.

– Реклама –

ПредходнаКазнети и затворени повеќе ланци на големи маркети во Скопје
СледнаЦелта на Бугарија ѝ е да скршат барем 20% од вас, не дозволувајте!, им порачува Груевски на Македонците во Албанија