дома Свет Бајден прими нова доза од вакцината против коронавирусот

Бајден прими нова доза од вакцината против коронавирусот

65





Американскиот претседател Џозеф Бајден (80) прими уште една доза од вакцината против коронавирусот, како и годишната вакцина против сезонскиот грип, соопшти неговиот лекар.

„Како што влегуваме во сезоната на настинки и грип, претседателот ги охрабрува сите Американци да го следат неговиот пример“, рече личниот лекар на Бајден, Кевин О’Конор.

Во САД минатата недела беа одобрени ажурирани верзии на вакцините од „Фајзер“ и „Модерна“, кои се подобро прилагодени на варијантите на вирусот што моментално се во оптек.

Бројот на хоспитализации поврзани со коронавирусот се зголеми во САД во последните недели.

Успехот на новата кампања за вакцинација е неизвесен бидејќи само 17 отсто од Американците ја примиле претходната доза од вакцината против корона вирусот.

МИА

– Реклама –








ПредходнаПрипадници на КФОР и ЕУЛЕКС излегоа на терен по убиството на припадник на косовската полиција во северно Косово
Следна„Обид да се поттикне криза и конфликт“