дома Популарно Македонците во Албанија имаат апсолутно право да се произнесат како што се...

Македонците во Албанија имаат апсолутно право да се произнесат како што се чувствуваат, европските вредности треба да ги почитуваат и ЕУ членките

66

Македонците во Албанија имаат апсолутно право да се произнесат онака како што се чувствуваат, односно да се произнесат како Македонци. Правото на самоопределување на секој еден граѓанин, без разлика каде и на која територија се наоѓа, е една од темелните европски вредности, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска, прашана за коментар за бугарските притисоци кон македонското малцинство во Албанија во врска со тековниот попис во земјата.

Европските вредности треба да ги почитуваат и земјите кои се во ЕУ, како и останатите кои сакаат да пристапат во Унијата, нагласи Петровска.

Таа посочи дека една од целите на европското интегрирање е македонскиот пасош да биде европски, со што ќе се избегнат вакви притисоци.

„Една од целите што сакаме да ја постигнеме со ЕУ-интеграцијата и за која неспорно сите сме за – е, кога Република Северна Македонија ќе стане членка на ЕУ, македонскиот пасош да биде европски пасош, за граѓаните понатаму да не чувствуваат какви било притисоци или не бидат залажувани за одредени бенефиции, впишувајќи се како различна национална припадност од онаа што тие ја чувствуваат“, истакна Петровска.

Министерката за одбрана додаде и дека „грижата за интересите на граѓаните на Северна Македонија или нејзини припадници, без разлика каде живеат, се докажува со реални постапки, а не само со говори“.

Извор: МИА

– Реклама –

ПредходнаСо мотокултиватор излетал од патот во Делчево – починал на лице место
СледнаВицепремиерот Битиќи во посета на Вашингтон, ќе оствари средби со директори на ММФ, Светска банка