дома Македонија Владата утре ќе носи одлука за намалување на цените на пијалоците, во...

Владата утре ќе носи одлука за намалување на цените на пијалоците, во тек анализата на хигиенските производи

64





Владата утре треба да донесе одлука за намалување на цените на пијалоците, а во тек е анализата за хигиенските производи која најверојатно ќе биде завршена до крајот на неделава.

– Тоа што знаеме точно е дека утре ќе има одлука за намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци. За хигиенските производи најверојатно во текот на оваа недела ќе бидат завршени сите консултации и ќе видиме дали има простор да се донесат одредени мерки, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши по посетата на компанијата „Алма-М“ во Визбегово.

Следниот месец, според најавите на премиерот Димитар Ковачевски, ќе бидат направени и анализите за деветиот пакет антикризни мерки кои ќе бидат насочени кон ранливите категории на граѓани и кон сите оние што во време на криза не остваруваат дополнителни приходи.

МИА

– Реклама –








ПредходнаБектеши обелодени дел од маркетите кои се затворени поради непочитување на владината мерка
СледнаУтре се носи одлука за намалување на цените на алкохолните и безалкохолните пијалоци