дома Магазин Софија Лорен хоспитализирана по пад, има неколку скршеници

Софија Лорен хоспитализирана по пад, има неколку скршеници

64

Славната италијанска актерка Софија Лорен била подложена на итна операција во неделата, откако претрпела неколку скршеници, резултат на пад во нејзиниот дом во Швајцарија.

Италијанската актерска икона, која наполни 89 години на 20-ти септември, паднала во бањата и се здобила со неколку скршеници на колкот и сериозна фрактура на бутната коска за што била неопходна операција, изјавил извор близок на актерката за магазинот Hollywood Reporter.

Изворот додал дека постои внимателен оптимизам за исходот од операцијата и нејзиното закрепнување.

Лорен требаше да отвори ресторан во италијанскиот град Бари на 26-ти септември, четврти таков ресторан што го носи нејзиното име.
Актерката, исто така, требаше да стане почесен граѓанин на тој град, но сега сите ангажмани се откажани на неодредено време.



ПредходнаНови сознанија и претпоставки за мистериозната „Планета Х“
СледнаНашите државјани кои беа во Бањска утрово се безбедно упатени кон дома придружувани од косовската полиција