дома Свет Голем напад и инцидент од добро обучена група со воена опрема

Голем напад и инцидент од добро обучена група со воена опрема

65





Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, денеска по средбата со претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека сè уште има непознати детали за инцидентот во селото Бањска и предупреди дека може да се очекуваат и „други слични инциденти“.

Според него, безбедносните институции работат на расветлување на околностите.

„Сè уште не можам да зборувам за последиците, поминаа 48 часа од нападот. Некои работи ги знаеме, а некои не. Тоа беше голем напад и инцидент. САД тесно соработуваат со Косово. Знаеме дека тоа беше напад на добро обучена група со воена опрема. Знаеме дека некои од напаѓачите се убиени, а некои избегале. Ова е обучена и организирана група и зад нив стои некој кој ги опремил со тешко вооружување“, рече американскиот амбасадор.

Ховениер нагласи за координација на косовската полиција со КФОР и ЕУЛЕКС.

„Има силна координација меѓу косовската полиција, КФОР и ЕУЛЕКС. Ова беше голем напад на Косово со трагични последици. Ние сме со народот на Косово и работиме сторителите да се изведат пред лицето на правдата“, додаде тој.

МИА

– Реклама –








ПредходнаХероин пронајден кај затвореник | NetPress
СледнаСрпска листа прогласи тридневна жалост за тројцата Срби убиени во северно Косово