дома Популарно Лага е дека сум примил каков било материјал од екс-премиерот, таквата инсинуација...

Лага е дека сум примил каков било материјал од екс-премиерот, таквата инсинуација заслужува зборови што не се соодветни да ги користам

73

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска во Собранието изјави дека нема никаква вистина во тврдењето дека примил каков било допис или материјал од поранешниот премиер, Никола Груевски, во кои наводно имало содржина за измени на Кривичниот законик.

„На тоа прашање веќе одговорив за време на викендов. Нема никаква вистина во тоа дека претседател на Собранието од екс премиерот примил каков било допис и или каков било материјал. Тое е невистина која што само служи за дневно-политички цели“, рече Џафери, одговарајќи на новинарско прашање, по денешната средба со претставниците на медиумите.

Тој истакна дека Собранието добива материјали од овластени предлагачи, во форма која е пропишана со Деловникот.

„Не би сакал да користам несоодветни зборови, кои што ги заслужува таквата инсинуација, но оставам на совеста на тие што шпекулираа со јавноста“, рече Џафери.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вчера во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 сподели материјали за кои тврдеше дека се дел од тајна комуникација меѓу поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, лидерот на ДУИ Али Ахмети, претседателот на Собранието Талат Џафери, и уште едно лице.

Притоа, Николоски покажа УСБ, за кое тврди дека е она што деновиве го спомнувал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а сподели и три испечатени страници А4-формат за кои вели дека се содржината од УСБ-то.

Според Николоски, тоа се докази дека веќе подолго време поранешниот претседател на партијата Никола Груевски е дел од сценарио за ослабување на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е тоа фамозно УСБ стикче на коешто ги има измените на КЗ. Овие измени се доставувани до Али Ахмети, Талат Џафери и трета адреса од страна на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Николоски.

Никола Груевски, пак, во интервју за „Инфомакс“, демантираше дека постои „оската Груевски-СДС-ДУИ“, фраза која, според него, е само слоган за неосновани напади против него.

Извор: МИА

– Реклама –

ПредходнаПримената на дигитални решенија и вештачка интелигенција во лозарството во „Тиквеш“ дел од темите на престижниот „AI Tech Summit”
СледнаСвечља објави снимка од нападот во Бањска, вели дека меѓу напаѓачите е и потпретседателот на Српска Листа