дома Економија Раст на Волстрит на почетокот од седмицата

Раст на Волстрит на почетокот од седмицата

55

На Волстрит берзанските индекси пораснаа во понеделникот по минатонеделниот драстичен пад, но тргувањето беше претпазливо бидејќи приносите на американските државни обврзници достигнаа нови највисоки новоа во 16 години.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,13 отсто, на 34.006 поени, додека S&P 500 порасна за 0,40 отсто, на 4.337 поени, а индексот Nasdaq за 0,45 отсто, на 13.271 поени.

Од крајот на јули, индексот S&P 500 загуби 5,5 отсто, но во однос на почетокот на годината и

Ова главно се должи на порастот на цените на акциите во енергетскиот сектор, во просек за 1,3 отсто, а во рударскиот сектор за 0,8 отсто, поради растот на цените на суровините.

Но, тргувањето беше претпазливо бидејќи приносите на американските државни обврзници достигнаа нови највисоки нивоа во 16 години. Ова е резултат на минатонеделните проценки на шефот на американската централна банка дека каматните стапки би можеле дополнително да се зголемат до крајот на годината и дека тие би можеле да останат на покачени нивоа подолго од очекуваното.

„Пазарот моментално е во војна меѓу оние кои се загрижени дека каматните стапки ќе останат покачени подолг временски период и „биковите“ кои веруваат дека пазарната корекција е завршена и дека акциите треба да се купат“, вели Чак Карлсон, директор во „Horizon Investment Services“.

Инвеститорите се, исто така, претпазливи бидејќи оваа седмица ќе бидат објавени неколку важни извештаи, вклучително и инфлацијата, производството и бруто домашниот производ (БДП) во САД.
натаму е во пораст за околу 13 отсто.

И на европските берзи вчера паднаа цените на акциите. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,78 отсто, на 7.623 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,98 отсто, на 15.405 поени, а париски CAC 0,85 отсто, на 7.123 поени.



ПредходнаДневен хороскоп за вторник, 26-ти септември 2023-та
СледнаАзиските берзи во пад втор ден со ред, доларот зајакна, цените на нафтата паднаа