дома Македонија Споменувањето на Владата е класична манипулација

Споменувањето на Владата е класична манипулација

64

Премиерот Димитар Ковачевски денеска го означи како малверазација споменувањето на Владата во контекст на тврдењата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој тврди дека имало тајна комуникација меѓу поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ – Никола Груевски, лидерот на ДУИ – Али Ахмети, претседателот на Собранието – Талат Џафери, и уште едно лице во врска со измените на Кривичниот законик.

„Прво, јас гледав во текот на вчерашниот ден преписки и јавна дебата помеѓу членови на ВМРО-ДПМНЕ, бивши високи функционери, сегашни високи функционери. Споменувањето на Владата во таков контекст е класична малверзација, манипулација и шпекулација и јас шпекулации и манипулации не коментирам“, изјави премиерот денеска на прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања.

Ова претходно го демантираше и спикерот на Собранието, Талат Џафери, кои како невистини ги означи ваквите тврдења и рече дека се наменети за дневно политички цели.

Николоски вчера во интервју за „360 степени“ на ТВ МРТ 1 сподели материјали за кои тврдеше дека се дел од тајна комуникација меѓу поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Груевски, и лидерот на ДУИ Ахмети, претседателот на Собранието Џафери, и уште едно лице. Притоа, Николоски покажа УСБ, за кое тврдеше дека е она што деновиве го спомнувал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а сподели и три испечатени страници А4-формат за кои рече дека се содржината од УСБ-то. Според Николоски, тоа се докази дека веќе подолго време поранешниот претседател на партијата Груевски е дел од сценарио за ослабување на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: МИА

– Реклама –

ПредходнаМТЕЛ ја продолжува поддршката за македонскиот спорт, потпишан договор за спонзорство со КК МЗТ Скопје
СледнаМонструозниот убиец од Кочани е во притвор: Обвинителството со детали за свирепото убиство