дома Магазин Тешко е да се знае дали Брус Вилис е свесен за својата...

Тешко е да се знае дали Брус Вилис е свесен за својата состојба, вели сопругата

65

Ема Хеминг Вилис, сопругата на Брус Вилис, зборувајќи за здравствена состојба на популарниот американски актер, рече дека е „тешко да се знае“ дали тој е потполно свесен за сопствената состојба, односно фронтотемпоралната деменција (ФТД) од која боледува.

Неговата ќерка Румер Вилис објави на Instagram на почетокот од годината дека на 68-годишниот актер, познат по улогите го филмовите „Умри машки“ и „Шесто сетило“, му е дијагностицирана споменатата болест.

Фронтотемпоралната деменција (ФТД) е израз кој опфаќа група деменции коишто главно ги опфаќаат фронталните и темпоралните лобуси на мозокот, кои ја опфаќаат посебноста, однесувањето, јазикот и говорот, според здружението Dementia UK.

Зборувајќи за состојбата на својот сопруг за емисијата „Today…“ на американската телевизиска мрежа NBC News, Ема Хеминг, меѓу другото, рече „Деменцијата е тешка. Тешка е за лицето кај којашто е дијагностицирана, тешка е за семејството, исто како што е и за Брус, но и за мене и за нашите девојки, и кога велат дека тоа е семејна болест, тоа навистина и е“.

Зборувајќи за тоа како било да се помират со неговата дијагноза, Ема додаде „Мислам дека беше благослов и проклетство конечно да се сфати што се случува, така што можам да го прифатам тоа што е“.

„Тоа не ја прави ситуација нималку помалку болна, но… тоа што знаеш што му се случува на Брус, сепак, малку помага“, додаде сопругата на актерот.

Запрашана дали нејзиниот сопруг знае што се случува и дали е свесен за својата состојба, Ема одговори „Тешко е да се знае тоа“.

Во март 2022 година Румер Вилијамс на Instagram објави дека на нејзиниот татко му е дијагностицирана афазија, нарушување коешто влијае врз способноста на говорот. Во таа изјава, исто така, откри дека нејзиниот татко „ја напушта кариерата којашто многу му значеше“.

Потоа во објава од почетокот од годинава попрецизно објасни дека ја добил „специфицизирана“ дијагноза фронтотемпоралната деменција.



ПредходнаЕкономијата во државата не зависи од уставните измени, туку од неспособната власт, вели Стојаноска
СледнаОва се удбашки методи, ВМРО-ДПМНЕ треба да е фокусирана да ги симне СДСМ од власт (ВИДЕО)