дома Свет УЕФА презеде чекори кон делумна реинтеграција на рускиот фудбал

УЕФА презеде чекори кон делумна реинтеграција на рускиот фудбал

65





Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска на конгресот во Париз направи два чекори кон делумна реинтеграција на Русија во европските фудбалски натпреварувања и покрај војната во Украина која сè уште трае.

УЕФА одлучи руските репрезентации до 17 години во машка и женска конкуренција да се вратат сезонава на европската сцена што претставува ублажување на целосната забрана за настап на руски национални селекции и екипи на меѓународните натпреварувања.

Образложувајќи ја одлуката УЕФА наведе оти е „свесна дека децата не би требало да бидат казнети за постапките чија одговорност е исклучиво на возрасните и оти е цврсто уверена дека фудбалот никогаш не треба да се откаже од испраќање пораки за мир и надеж“.

Паралелно со оваа одлука УЕФА објави дека повторно ќе почне да делегира руски судии на меѓународните натпревари.

МИА

– Реклама –








ПредходнаПронајдена малолетничка што се оддалечила од домот
СледнаБитиќи во Вашингтон: Размената на стоки со САД бележи нагорна линија, потенцијалот на соработката ќе расте уште повеќе