дома Популарно Украдени стотици тони керозин од база на НАТО во Белгија, биле продадени...

Украдени стотици тони керозин од база на НАТО во Белгија, биле продадени на бензински пумпи во Италија

68





Повеќе од 850 тони керозин биле источени од базата на НАТО во Белгија, а горивото се продавало преку италијански бензински пумпи, објавија медиумите во Белгија.

Извршителите на кражбата се поврзани со меѓународен криминал. Италијанските власти приведоа 46 наводни соучесници. Се прецизира дека нелегалната продажба траела четири месеци.

Утврдено е дека во шемата се вклучени 29 бензински пумпи, при што експертите предупредуваат на можно оштетување на моторите на автомобилите наполнети со горивото што се продавало таму. Се додава дека криминалците го измешале керозинот со дизел дестилати и добиле над илјада тони гориво. При подоцнежните претреси се одземени три милиони евра.

Пред една година, во Белгија започна судско дело за излевање на две илјади тони керозин во 2019 година од локалниот нафтовод на НАТО. Обвинителството побара од обвинетите да покријат отштета од 2.4 милиони евра. Две години пред овој инцидент, друга база на Пактот во Белгија пријавила исчезнување на 60 тони гориво.

МИА

– Реклама –








ПредходнаПедофил во Кисела Вода соблекол малолетничка и ја допирал по телото
СледнаПрепукувања и надвикувања на комисиската расправа по Предлогот за прераспределба на буџетските средства