дома Популарно Транспорт и врски демантира дека фирмата „Еуровиа“ добила тендер за канализација во...

Транспорт и врски демантира дека фирмата „Еуровиа“ добила тендер за канализација во Арачиново

70

Министерството за транспорт и врски најостро реагира на информациите објавени на денешната прес конференција на Реџеп Асани кој во името на партите Демократско движење, Алтернатива и Беса, потенцира за извесен договор со компанијата Еуровиа за реализација на инфраструктурен проект во Арачиново.

„Заради правилно и вистиното информирање на јавноста би сакале да ги демантираме сите информации изнесени на прес конференцијата, од причина што Министерството за транспорт и врски до сега нема спроведено јавна набавка за проект за кој што истакнува Реџеп Асани.

Во контекст на ова, Министерството за транспорт и врски нема ниту склучено договор со компанијата што Асани ја наведува“, се вели во демантот.

Од министерството, покрај демантот, испратија и апел до Асани, како претставник на овие партии, подобро да се информира, да им се извини на граѓаните и да се извини на вработените во Министерството за транспорт и врски за, како што велат, „лажните информации“.

„Нема да дозволиме Министерството за транспорт и врски да биде вовлечено во дневни политички препукувања.

Министерството за транспорт и врски е сервис на граѓаните и партнер на општините и во таа насока реализираме капитални проекти со кои ги подобруваме условите за живеење на граѓаните и го поддржуваме урбаниот развој на општините“, се додава во демантот.

МИА

– Реклама –

ПредходнаНајдобар пат до траен мир е зголемување на помошта за Украина
СледнаРусија ја повика Бугарија да ја преиспита одлуката да му даде на Киев ракети за противвоздушни ракетни системи С-300