дома Економија Азиските инвеститори претпазливи, кинеските берзи пораснаа

Азиските инвеститори претпазливи, кинеските берзи пораснаа

59

На азиските берзи во средата се тргуваше претпазливо поради силниот пад на Волстрит вчера, но цените на кинеските акции пораснаа откако централната банка објави нови стимулативни монетарни мерки.

Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион порасна за 0,1 отсто, по два дена остри падови. На токиската берза индексот Nikkei падна за 0,3 отсто, додека цените на акциите во Австралија и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,2 и 0,3 отсто. Во Шангај и Хонгконг тие се зголемија меѓу 0,3 и 0,6 отсто.

Растот на кинеските берзи е благодарение на пораките од тамошната централна банка дека ќе ја прилагодат монетарната политика и ќе воведат прецизни и силни монетарни мерки за стимулирање на растот на економијата. По редовната седница, челниците на централната банка појаснија како ќе одржат доволна ликвидност и ќе поддржат стабилен кредитен раст.

На кинеските берзи позитивно влијаеше и извештајот според кој профитот на индустрискиот сектор се зголемил во август во однос на истиот месец лани. Благодарение на ова, падот на добивката на овие компании во првите осум месеци од годинава е ублажен на 11,7 отсто на годишна основа.

Овие податоци ги поддржаа надежите дека сегашните стимулативни мерки на кинеските власти почнуваат да даваат резултати. Сепак, на останатите берзи во регионот се тргува многу внимателно, бидејќи вчера на Волстрит цените на акциите драстично паднаа.

Dow Jones се лизна за 1,1 отсто, додека S&P 500 потона за 1,5 отсто, а Nasdaq за 1,6 отсто, при што сите три индекси паднаа на најниските нивоа во повеќе од три месецa. А тоа е последица од неодамнешната порака на челникот на американската централна банка дека каматните стапки може дополнително да се зголемат до крајот на годината и може да останат на покачени нивоа подолго од очекуваното.



ПредходнаХоливудските сценаристи го прекинаа штрајкот пред гласањето за конечниот договор
СледнаДоларот продолжува да јакне, цената на нафтата порасна