дома Свет Најдобар пат до траен мир е зголемување на помошта за Украина

Најдобар пат до траен мир е зголемување на помошта за Украина

42





Фото: НАТО

Најдобар пат кон траен мир е зголемување на помошта за Украина, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, по средбата со летонската премиерка Евика Силинија во седиштето на Алијансата во Брисел.

Столтенберг го поздрави придонесот на сојузниците во одбраната на Украина и го истакна почетокот на испораката на тенковите Абрамс од САД. Според него, украинската контраофанзива постигнала траен напредок, а на некои места се преминати и руските одбранбени линии.

„Не гледаме знаци дека (рускиот претседател Владимир) Путин ги променил своите цели. Војната што ја води Русија е најголемата закана за нашата безбедност во последните децении“, резимира Столтенберг.

МИА

– Реклама –








Предходна„Еуровиа“ на ДУИ доби уште еден тендер од над еден милион евра за канализација во Арачиново, реагира Албанскиот опозициски фронт
СледнаТранспорт и врски демантира дека фирмата „Еуровиа“ добила тендер за канализација во Арачиново