Командер, двегодишен германски овчар кој припаѓа на семејството на американскиот претседател Џо Бајден, каснал уште еден агент на Тајната служба, објави во средата BBC.
Нападот се случил во понеделникот вечерта, а на агентот му била укажана помош на местото на настанот, се вели во соопштението на Тајната служба во вторникот.
Ова е 11-ти пат куче да касне во Белата куќа или во домот на Бајден.
Портпаролката на Белата куќа претходно ги обвини за нападите стресните услови за живот во Белата куќа.
„Како што знаете, комплексот на Белата куќа може да биде уникатен и многу стресен. Тоа е нешто што сигурно сите можете да го разберете“, рече таа во јули. „Тоа е единствено и стресно за сите нас. Можете да замислите како е за домашните миленици”, додаде таа.
Командер е помладиот од двата германски овчари од семејството Бајден. Во јули, претставници на Белата куќа изјавија дека ќе пробаат нови техники за обука на Командер.
Записите на Тајната служба добиени од конзервативната група преку барањето за Законот за слобода на информациите во јули откриваат детали за 10 други инциденти во кои е вмешан Командер. Ниту една од повредите опишани на 194-те страници на е-пошта не е опишана како сериозна.
Другото куче на Бајден, Мејџор, исто така, било вклучено во повеќе инциденти со агенти на Тајната служба, додава BBC.