дома Свет Речиси 20 милиони деца во Европската унија се изложени на ризик од...

Речиси 20 милиони деца во Европската унија се изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост

67





Во текот на 2022 година, 24,7 отсто од децата на возраст под 18 години во ЕУ или речиси 20 милиони, биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, соопшти Европската статистичка служба – Евростат.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, во споредба со 2021 година процентот на деца изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост бележи раст 0,3 процентни поени.

Гледано по земји, најголем процент на деца во оваа ризична категорија има во Романија и тоа од 41,5 отсто, пред Бугарија со 33,9 и Шпанија со 32,2 проценти.

Од друга страна, најмал процент на деца изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост има Словенија од 10,3 отсто, по што следуваат Чешка со 13,4 и Данска со 13,8 проценти.

МИА

– Реклама –








ПредходнаВучиќ рече дека Радојичиќ ќе биде „српски Адем Јашари“, тој е опседнат со врховниот командант на ОВК
СледнаВо иранските дронови што ги користи Русија се вградени европски компоненти