дома Македонија Со мерките и зголемувањето на платите го штитиме стандардот на народот, една...

Со мерките и зголемувањето на платите го штитиме стандардот на народот, една минимална и една просечна плата ја надминуваат потрошувачката кошничка

66

СДСМ го штити стандардот на граѓаните. Продолжува реализацијата на мерките за намалување на цените на прехранбените производи.

„Списокот на производи со ‘гарантирана цена’ се проширува со безалкохолните пијалаци, соковите, газираната и негазираната вода, пивото кои се намалуваат за 10%.

Дополнително, со мерката за ограничување на маржата за трговците се намалува и цената на овошјето и зеленчукот за околу 30%

Веќе се намалени цените на стотици основни прехранбени производи и тоа за 30 до 40% отсто од цената по која се продавале на 1 август годинава.

Граѓаните по пониски цени во маркетите купуваат леб, млеко, млечни производи, месо, брашно, јајца, ориз и многу други прехранбени артикли, што поволно влијае врз семејните буџети“, истакна пратеничката на СДСМ Марија Ангелова, на денешната партиска прес-конференција.

Со овие мерки и со политиките за постојано покачување на платите и пензиите, рече Ангелова, СДСМ го штити стандардот на граѓаните.

„Минималната плата е покачена од 8.900 денари во 2016 година на 20.175 денари, просечната плата сега е над 36.000 денари. Како резултат на покачувањето на платите од 2017 година наваму една минимална плата и една просечна плата ја надминуваат вредноста на потрошувачката кошничка. На пример во 2022 година, 36.000 денари просечна плата + 20.175 денари минимална плата се поголем приход од 50.000 денари“, се пофалија од СДСМ.

„Тоа никогаш се нема случено пред 2016 година, за време на владеењето на ДПМНЕ“, подвлече Ангелова.

„СДСМ како одговорна партија, продолжува со реална грижа за граѓаните и нивниот стандард“, додаваат од партијата.

– Реклама –

ПредходнаВо иранските дронови што ги користи Русија се вградени европски компоненти
СледнаВработувањето во Германија стагнирало, потрошувачите песимисти