дома Свет Зеленски: НАТО потпиша рамковни договори за 2.4 милијарди евра за муниција за...

Зеленски: НАТО потпиша рамковни договори за 2.4 милијарди евра за муниција за Украина

62





Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, истакна дека Алијансата потпишала рамковни договори во висина од 2.4 милијарди евра за муниција за Украина.

„Ова ќе им помогне на сојузниците да ги надополнат своите резерви додека продолжуваат да ја снабдуваат Украина“, истакна Столтенберг.

Тој ја повтори поддршката за Украина, посочувајќи дека иднината на Киев е во НАТО.

„Додека работиме заедно за да ве подготвиме за таа иднина, НАТО ќе биде со Украина сè додека е потребно“, нагласи Столтенберг.

Зеленски му се заблагодари на Столтенберг за неговата поддршка, додавајќи дека е особено важна кога некои бараат да се прекине воената поддршка за Украина.

МИА

– Реклама –








ПредходнаМајки ќе одговараат за запуштање и малтретирање на децата и принуда на питачење
Следна„Бакнежите од Маричиќ“ ја прекинаа седницата за пратенички прашања