дома Економија Остар пад на понудата на пари во еврозоната во август

Остар пад на понудата на пари во еврозоната во август

122

Паричната маса во еврозоната забележа најголем пад во август откако Европската централна банка (ECB) ги објави податоците, а кредитирањето значително забави, како одраз на слабата економска активност во услови на зголемување на каматните стапки.

Показателот М3 е намален во август за 1,3 отсто во однос на истиот месец минатата година, по падот од 0,4 отсто во јули, покажа извештајот на ECB објавен во средата.

Потесниони показател М1, кој ја опфаќа само готовината во оптек и прекуноќните депозити, потона за 10,4 отсто, по падот од 9,2 отсто во претходниот месец годинава.

Речиси стагнираа усогласените кредити на приватниот сектор, со стапка на раст од 0,6 отсто. Во јули тие скокнаа за 16 отсто.

Кредитите на домаќинствата се зголемени за еден процент, нешто побавно од јули. Позначително ослабна кредитирањето на компаниите, со стапка на раст од 0,6 отсто, по растот од 2,2 отсто во претходниот месец.

Забавеното кредитирање и намалената понуда на пари во еврозоната се резултат на заострената монетарна политика на ECB, која повторно ги зголеми каматните стапки кон средината на месецот, за четвртина процентен поен, и покрај проценките дека економијата ќе порасне само за 0,7 проценти оваа година.



ПредходнаРуските сили со гранати оштетија термоелектрана на југот на Украина
Следна„Безобразно и лигаво гестикулирање на Маричиќ, заборави дека е во Собрание, а не во филм за возрасни“