дома Македонија Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница побараа оставка од Маричиќ

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница побараа оставка од Маричиќ

53





Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ попладнево во рамки на собраниската седница за пратенички прашања побараа оставка од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, обвинувајќи го дека недолично се однесувал кон пратеничката Дафина Стојаноска.

„Ова Собрание има голем број на камери кои може да го доловат моментот за којшто реагирав. Она што го направи вицепремиерот, не може ниту еден демант да го избрише“, рече Дафина Стојаноска во процедурална забелешка.

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, даде 15-минути пауза, образложувајќи дека согласно Деловникот за работа има постапка како се бара оставка од претставници на Владата.

Претходно, пратеникот Бојан Стојановски го повика премиерот Димитар Ковачевски да одговори дали го осудува однесувањето на вицепремиерот Маричиќ.

„Г. Маричиќ се однесуваше согласно сите етички стандарди во Собранието и има пишан демант на она што се случуваше на парламентарната говорница на една од пратеничките“, рече Ковачевски, одговарајќи на пратеничкото прашање.

МИА

– Реклама –








Предходна„Безобразно и лигаво гестикулирање на Маричиќ, заборави дека е во Собрание, а не во филм за возрасни“
СледнаЛагите на пратеничката Стојаноска се спротивни на вредностите и заложбите на женското пратеничко лоби