дома Свет Според британското разузнавање, Русија изгубила 90-тина авиони во војната со Украина

Според британското разузнавање, Русија изгубила 90-тина авиони во војната со Украина

59





Од февруари 2022 година, руските воздушни сили во борба изгубиле околу 90 авиони, соопшти британското Министерство за одбрана.

Сите авиони имаат очекуван работен век во часови на летање. Русија користи некои видови борбена авијација многу поинтензивно отколку во мирнодопски услови. Според прогнозата на разузнавачката служба, поради големиот товар, нивниот животен век може да истече многу побрзо од планираното.

Потребата за дополнително одржување се надополнува со недостиг на резервни делови поради зголемената побарувачка и меѓународните санкции. Влошувањето на состојбата на авионите најверојатно ќе ја намали долгорочната одржливост на тактичкото воздухопловство на Русија бидејќи војната трае значително подолго отколку што планираше Министерството за одбрана, се вели во извештајот.

Сепак, британските разузнавачки извештаи сугерираат дека Русија сепак може да го зголеми бројот на летови над окупирана Украина.

Од почетокот на војната во Украина, руската армија загубила најмалку 12 илјади единици воена опрема, покажуваат податоците на експертите на Орикс, кои ги следат загубите на двете страни. Конкретно, според аналитичарите, Русија изгубила 91 авион: осум од нив биле уништени, а останатите 83 биле онеспособени.

МИА

– Реклама –








ПредходнаСДСМ ќе поднесе амандман ако амнестијата опфати осудени од „Монструм“
СледнаДневен хороскоп за петок, 29-ти септември 2023-та