дома Свет Барселона обвинета за поткуп, клубот може да биде исфрлен од Ла Лига...

Барселона обвинета за поткуп, клубот може да биде исфрлен од Ла Лига и европските натпреварувања

68





Барселона е обвинета за подмитување на поранешниот потпретседател на техничкиот комитет на судиите на Кралската шпанска фудбалска федерација, Хозе Негреира, објави „El Debate“.

Првиот човек на истражниот суд на Барселона, Хоакин Агире, кој го води случајот, ја сметал за кривично дело исплатата на 7,5 милиони евра од клубот на Негреира.

Самиот Негреира, неговиот син, како и поранешните претседатели на Барселона, Хосеп Бартомеу и Сандро Росел се обвинети за поткуп.

Според ставот на судот, ниту еден функционер не треба да добива дополнителен надомест за извршување на својата должност. Доколку судот ја прогласи Барселона виновна, клубот може да биде исфрлен од Ла Лига и испратен во Сегунда дивизијата, втората најсилна дивизија во шпанското првенство, како и суспендиран од учество во европските натпреварувања.

Фактот дека Барселона е осомничена за поткуп стана познат во март 2023 година, кога се појавија информации за исплати од клубот кон Негреира. На крајот на истиот месец, УЕФА објави почеток на истрага за потенцијален корупциски скандал.

МИА

– Реклама –








ПредходнаНајдобро и најлошо овошје за регулирање на шеќерот во крвта
СледнаМосква не гледа можност за стабилизација на ситуацијата на Косово