дома Популарно „Безобразно и лигаво гестикулирање на Маричиќ, заборави дека е во Собрание, а...

„Безобразно и лигаво гестикулирање на Маричиќ, заборави дека е во Собрание, а не во филм за возрасни“

123

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија” на прес-конференција побара, како што наведоа, остра осуда за недоличното однесување на вицепремиерот Бојан Маричиќ кон пратеничката на оваа партија Дафина Стојаноска на денешната пленарна седница наменета за поставување пратенички прашања.

„Денес, и не за прв пат, вицепремиерот за европски прашања, позади микрофон и позади камери, недолично довикуваше и се однесуваше кон пратеничка. Вицепремиерот Маричиќ, денеска најпрво дофрлаше за да деконцентрира, како и многупати досега, а потоа прејде на безобразно и лигаво гестикулирање, заборавајќи дека е во Собрание, а не во полноќен филм за возрасни. Јас, додека имав процедурална забелешка на политичкиот маркетинг на министерката за труд и социјална политика, наместо соодветен одговор на поставено прашање за протестите на пензионерите, просведочив како овој вицепремиер, кој лажно се претставува како европски лик, почна да ми изигрува недоличен шармер и одвратен „мачо-мен”. Се извинувам на медиумите на моиве квалификации, но верувајте дека она што Маричиќ го правеше спроти мене, беше многу многу грда слика и сексистичка провокација за секаква осуда“, истакна пратеничката Стојаноска.

Таа потенцира дека Маричиќ „го прекршил владиниот кодекс“ и како што истакна „наместо највисоки стандарди на однесување и почитување на личноста и угледот на секој поединец тој се однесуваше како неизживеан предатор, како невоспитан маж, правејќи гадни гестови со неговите усни, навредливи за секоја жена, особено на јавна сцена“.

„Како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија”, бараме остра осуда за ваквиот однос на маж кон жена, на министер и министерка кон пратеници и пратенички, како и на немоќта на одговорните за работата на Собранието да стават крај на ваквото нецивилизирано однесување на извршната власт кон законодавната. Во оваа држава паднати се сите норми и критериуми, но ова денес е допир со најдлабокото дно на срамот, некултурата и непочитта. Европскиот фронт е заглавен во тунел без светло и секој дефокус би им бил добредојден, само за да не се зборува за актуелните и секојдневните маки на нашите сограѓани. Сепак, ова денес не беше обид за дефокус, туку класичен пример за вистинското лице на актуелната власт на СДСМ“, рече таа.

Според Стојаноска, Владата и Собранието имаат кодекси за однесување, но тие се само за на хартија и само за пред странци. Реалноста, како што истакна, е дека тие не важат за власта но и исто така дека оваа држава е водена од луѓе кои што пред се немаат никаква култура ниту почит кон било кого.

МИА

– Реклама –

ПредходнаОстар пад на понудата на пари во еврозоната во август
СледнаПратеници од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница побараа оставка од Маричиќ