дома Свет Велика Британија наскоро ќе потоне во морето, а огромен бран ќе ја...

Велика Британија наскоро ќе потоне во морето, а огромен бран ќе ја зафати Холандија, ќе му одговорам на судот во Хаг ако се пресели во Авганистан

61

Откако синоќа претседателот Александар Вучиќ соопшти дека против лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ е пристагнато ново обвинение од Хаг, се огласи Шешељ, кој изјави дека сè уште не го добил новото хашко обвинение за непочитување на судот, но дека е подготвен да одговори на повикот доколку Механизмот за меѓународни кривични судови биде преместен во побезбедна земја, како што е Авганистан, јави дописникот на МИА од Белград.

„Бидејќи Велика Британија наскоро ќе потоне во морето, а огромен северноморски бран ќе ја зафати цела Холандија, јас во тој момент нема да бидам во Шевенинген“, изјави Шешељ за Срна.

Тој кажа дека најбезбедно ќе се чувствува во Авганистан и предложи Механизмот од Хаг да се пресели во таа земја.

Тој потсети дека и претходно бил обвинет за непочитување на судот, односно за печатење на негови книги во кои, како што кажа, објавувал информации за лажни сведоци, доверливи документи и разни фалсификати.

Тој додаде дека веќе трипати бил казнуван во Трибуналот за непочитување на судот, а сега ќе му се суди по четврти пат.

Шешељ со правосилната пресуда на Хашкиот трибунал од 2018 година беше осуден на десет години затвор за поттикнување на прогон, депортација и принудно раселување и преселување на Хрватите во војводинското село Хртковци во 1992 година.

Казната ја отслужи додека беше во притвор од 2003 до 2014 година.

МИА

– Реклама –

ПредходнаАвстрија бара од ЕУ забрзана интеграција на Западен Балкан и конкретни чекори за имплементација до 2024 година
СледнаНајдобро и најлошо овошје за регулирање на шеќерот во крвта