дома Популарно СДСМ ќе поднесе амандман ако амнестијата опфати осудени од „Монструм“

СДСМ ќе поднесе амандман ако амнестијата опфати осудени од „Монструм“

72





Премиерот Димитар Ковачевски денеска од собраниската говорница, одговарајќи на пратеничко прашање, рече дека пратеничката група на СДСМ ќе поднесе амандман доколку постои можност да се амнестираат осудени лица од убиството кај Смилковското Езеро.

„Штом законот влезе во собраниска процедура, доколку има такви случаи кои ги наведувате, пратеничката група на СДСМ ќе поднесе амандман со кој истите ќе бидат исклучени од можноста за амнестија“, рече Ковачевски.

Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ го праша премиерот дали како родител е подготвен да ги амнестира помагателите во убиството кај Смилковското Езеро.

МИА

– Реклама –








ПредходнаВладата на САД почна да ги известува вработените за неизбежната блокада, 2.5 милиони службеници ќе останат без плата
СледнаСпоред британското разузнавање, Русија изгубила 90-тина авиони во војната со Украина