дома Економија Германските производители на автомобили сигнализираат покачување на цените

Германските производители на автомобили сигнализираат покачување на цените

57

Германските компании и во септември сигнализираа дека планираат да ги зголемат цените, особено во автомобилската индустрија и во угостителството, според истражувањето на институтот Ifo.

Очекувањата на компаниите за цените благо се зголемија во септември, првпат по нешто повеќе од една година, изјавија економски експерти од минхенскиот институт Ifo.

Индексот на „цените“ на Ifo во септември порасна за 1,1 поен во однос на август, на 15,8 поени. Особено силен скок забележа угостителството, за дури 49 поени.

Вредноста на индексот ја изразува разликата меѓу компаниите кои планираат да ги зголемат цените и оние кои планираат да ги намалат.

Поскапување најавуваат и повеќето производители на автомобили, според зголемувањето на вредноста на индексот за 13,3 поени.

Во градежниот сектор, пак, преовладуваат компаниите кои планираат да ги намалат цените, според негативната вредност на индексот, а нивниот број благо е зголемен во септември, поради слабата побарувачка, објаснува истражувачот за економски прогнози на ifo, Тимо Волмершаузер.

„Веројатно ќе биде потребно извесно време Европската централна банка да го достигне целното ниво на инфлација од два отсто“, заклучува експертот на германскиот институт.



ПредходнаВИДЕО и ФОТО| Лука Дончиќ ги распамети Американците со својот „монструм“ на тркала
СледнаЊујорк ја задржа позицијата како водечки финансиски центар