дома Магазин Индијка на 92 години научи да чита и пишува

Индијка на 92 години научи да чита и пишува

60

Деведесет идвегодишна Индијка пред шест месеци првпат во животот седнала во училишна клупа и конечно научила да чита и пишува, станувајќи пример за другите жени од нејзиното село.

Салима Кан, родена околу 1931 година и омажена на 14-годишна возраст, долго време сонувала да научи да користи бројки и букви. Кога била мала, во нејзиното село немало училиште.

Пред шест месеци, придружувана од сопругата на нејзиниот внук, таа тргнала на пат до училиште во Буландшахр, во индиската сојузна држава Утар Прадеш и конечно го започнала своето образование заедно со осум децении помлади деца од неа.

Приказната на Салима Кан привлече внимание откако на социјалните мрежи беше објавено видео на кое таа брои до 100.

„Моите внуци ме мамеа да им дадам повеќе пари затоа што не можев да ги пребројам банкнотите. Тие денови се зад нас“, изјавила за Times of India.

Стапката на писменост во Индија е околу 73 проценти, според пописот од 2011 година.

Директорката на училиштето, Пратиба Шарма, изјавила дека наставниците првично се двоумеле околу тоа да ја подучуваат Салима Кан, но таа брзо ги убедила со својата страст за учење.

„Немавме срце да ја одвратиме“, изјави Шарма за Times of India.

По објавувањето на случајот со 92-годишна Индијка, 25 жени од нејзиното село решиле да научат да читаат и пишуваат.



ПредходнаВИДЕО I Хајди Клум се снимаше гола под туш
СледнаГитаристот Ал Ди Меола доживеа инфаркт на сцена