На 28.09.2023 во 12.00 часот во Полициското одделение Ранковце бил извршен службен разговор со С.Л.(30) од с.Ранковце.
Тој се сомничи дека во периодот од 24 до 26.09.2023 на место викано „Бела бука“ помеѓу с.Герман и с.Нерав одзел седум кубни метри огревно дрво, сопственост на М.Д. од Куманово.
По преземени мерки, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка и Полициското одделение Ранковце дрвата биле пронајдени на две локации во селата Отошница и Радибуш и биле вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против С.Л. ќе биде поднесена соодветна пријава.