дома Магазин Вечерва 13. издание на „100 илјади поети за промена“ во Струмица

Вечерва 13. издание на „100 илјади поети за промена“ во Струмица

62

Во Струмица, вечерва, ќе се одржи 13. издание на манифестацијата „100 Илјади поети за промена“. Програмата ќе биде реализирана во НУ Центар за култура „Антон Панов“ – Струмица.

Со почеток во 20:00 часот ќе биде промовиран годинешниот зборник „100 Илјади поети за промена“ и ќе се одржи поетско читање на дел од застапените поети од Грција, Србија, Бугарија и Македонија, ќе биде отворена и изложба на плакати и ќе се одржи музичко-сценски перформанс.

На конкурсите годинава, како што велат организаторите, се вклучени повеќе од 200 поети и 20 дизајнери.

Манифестацијата е поддржана од градоначалникот и Општина Струмица, како и Фондацијата Заев.

 



Предходна30 септември е денот кога македонските граѓани од сите етникуми во огромен број излегоа да дадат поддршка на историскиот Договор од Преспа
СледнаНиту е време, ниту ќе помогне во решавање на проблемот