дома Свет Загрижува трупањето на српска војска во близина на границата со Косово, силите...

Загрижува трупањето на српска војска во близина на границата со Косово, силите треба да бидат веднаш повлечени

63





„Со партнерите и сојузниците разговараме за актуелната ситуација на северот на Косово, која пред сè бара деескалација и стабилизација на безбедносната ситуација. За ова прашање сме во близок и редовен контакт со САД“, изјави за странските медиуми шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел, јави дописникот на МИА од Белград.

Борел истакна дека минатонеделното запленување на оружје и опрема кај група Срби било „многу сериозно“.

„Истовремено, трупањето на српската војска во близина на административната линија е многу загрижувачко и мора веднаш да се запре. На европскиот континент нема место за вооружување и трупање безбедносни сили. Силите треба да бидат веднаш повлечени“, рече тој.

Шефот на европската дипломатија посочи дека се очекува казнување на сторителите на настаните во Бањска и порача дека „тие мора да се соочат со правдата“.

„Треба да се вратиме во ситуација кога двете страни разговараат и да се вратиме на Дијалогот со поддршка на ЕУ, која е единствената платформа за нормализација на нивните односи“, заклучи Борел.

МИА

– Реклама –








ПредходнаАко немаше НАТО војници во Косово ќе имаше директен судир и конфликтот ќе се прелееше
СледнаЗа доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните давачки во октомври и ноември зашто тогаш производството е најголемо