дома Популарно Ниту е време, ниту ќе помогне во решавање на проблемот

Ниту е време, ниту ќе помогне во решавање на проблемот

68





Министерот за внатрешни работи Оливер Сапсовски денеска изјави дека е непотребно донесувањето на законот за аменстија и оти неговата примена нема да ја промени состојбата со пренатрупаноста во затворите.

„Мојот став е дека апсолутно не е соодветно ниту времето ниту моментот за носење на закон за амнестија. Второ, опфатот кој што е барем соопштен дека ќе опфати прилично мал број на лица исто така нема да помогне во многу. Но, сега тоа е работа на Собранието. Нема да имаме никакви ефекти во однос на носењето на законското решение. Нема да допринесе значително да ослободат места или да се намали притисокот на казнено-управните установи. Јас мислам дека треба државата стратешки да размислува во зголемувањето на капацитетите на затворските институции“, изјави министерот Спасовски, кој денеска беше во тренинг центарот во Идризово.

Според него, амнестираните многу често по излегувањето од затвор ги повторуваат делата.

„Ние секогаш укажуваме на тоа дека тие лица кои сториле кривични дела, пред сè, разбојништва, тешки кражби итн, претставуваат уште еден терет за безбедносната состојба, или ако ги погледнеме минатите закони за амнестија ќе видите дека најголемиот дел од тие лица за два до три месеци повторно се враќаат назад заради тоа што имаат повторно кривични дела со кои ние секојдневно се справуваме“, вели министерот за внатрешни работи.

Извор: МИА

– Реклама –








ПредходнаВечерва 13. издание на „100 илјади поети за промена“ во Струмица
СледнаРадоичиќ дал изјава во српското МВР за настаните во Бањска