дома Свет Украина ги повика европските земји да ги бојкотираат натпреварите во кои учествуваат...

Украина ги повика европските земји да ги бојкотираат натпреварите во кои учествуваат тимови од Русија

57





Украинскиот фудбалски сојуз (УАФ) ги повика европските федерации да ги бојкотираат натпреварите со Русија на Европското првентсво за играчи до 17 години.

Според „The Times“, од УАФ испратиле писма до сите 55 европски федерации.

„УАФ апелира до вас со барање да ги бојкотирате можните натпревари во кои учествуваат тимови од Русија. Убедени сме дека секој чекор кон реинтеграција на руските претставници е опасен и застрашувачки тренд“, се вели во соопштението на украинската федерација.

Извршниот комитет на УЕФА на 26 септември дозволи руските репрезентации до 17 години да учествуваат на меѓународни турнири без химна, знаме и други државни симболи. Образложувајќи ја одлуката, УЕФА истакна дека „децата не би требало да бидат казнети за постапките чија одговорност е исклучиво на возрасните“ и дека „е цврсто уверена дека фудбалот никогаш не треба да се откаже од испраќање пораки за мир и надеж“.

На 27 септември, прес-службата на УАФ објави дека нивни репрезентации нема да учествуваат на турнирите на УЕФА со Руси. Подоцна, Англија, Полска, Летонија, Шведска, Данска, Норвешка и Литванија исто така објавија бојкот на натпревари во кои учествуваа руски репрезентации.

Извор: МИА

– Реклама –








ПредходнаСАД велат дека Србија трупа војска, тенкови и артилерија на границата со Косово, го повикаа Белград да ги повлече силите
СледнаУкраинската противвоздушна одбрана ноќеска уништила 30 руски дронови „Шахед“, наредена делумна евакуација на градот Калинивка