дома Економија ФЕРО ИНВЕСТ почна да произведува трафостаници за електрани од обновливи извори

ФЕРО ИНВЕСТ почна да произведува трафостаници за електрани од обновливи извори

51

ФЕРО ИНВЕСТ преку своите фирми ЕМС-Energy Maintainance Solutions и БРАКО почна да произведува електрични трафостаници,  коишто можат да се користат за електрани на обновливи извори на електрична енергија, но и за други индустриски капацитети, за станбени згради и населби, и за други потреби на компаниите и граѓаните.

Трафостаницата е проектирана од архитектите од ФЕРО ИНВЕСТ/ЕМС, електричната опрема во трафостаницата е изработена и поврзана од инженерите и техничарите во ЕМС, а металниот монтажен контејнер е изработен во БРАКО.

Во трафостаницата е сместен трансформатор кој има капацитет за трансформација од 10 KV на 800 V, како и ниско напонски и високо напонски ќелии, што ја прави идеално решение за фотоволтаични електрични централи, но и за други електрани од обновливи извори на енергија. Објектот лесно се поставува на потребна локација, со бетонски постамент, кој овозможува стабилност, а од нарачка до испорака потребни се само два месеци.

Со оваа трафостаница, ФЕРО ИНВЕСТ целосно го заокружува процесот за изведување на електрани од обновливи извори- од поддршка при добивање на документација и проектирање, преку изградба, поврзување и пуштање во употреба, па се до одржување и мониторирање на работата нa една електрана, како и откуп на произведената електрична енергија.



ПредходнаДневен хороскоп (30.09.2023) | NetPress
СледнаФОТО| ФЕРО ИНВЕСТ почна да произведува трафостаници за електрани од обновливи извори