дома Свет Спасени 177 лица од запален траект со мигранти кај Лампедуза

Спасени 177 лица од запален траект со мигранти кај Лампедуза

67





Италијанската крајбрежна стража спасила 177 лица, меѓу кои 27 членови на екипажот, од траект што се запалил на пат од италијанскиот остров Лампедуза кон градот Порто Емпедокле, на Сицилија, соопштија денеска италијанските власти.

Меѓу патниците на траектот имало и 83 мигранти, кои биле префрлени од Лампедуза, се наведува во соопштението на крајбрежната стража, пренесено од британските медиуми.

За време на спасувањето, крајбрежната стража употребила водени топови за да ги разлади деловите на траектот погодени од пожарот, што доцна синоќа избувнал во машинската соба, се наведува во соопштението.

МИА

– Реклама –








Предходна„Ние сме еден народ, заедно совладуваме сè“
СледнаНа повидок затворање на американските владини агенции