Home Македонија Црна хроника Пожар во кула на „Џеваир“

Пожар во кула на „Џеваир“

0
Пожар во кула на „Џеваир“

Кујна во стан се запалила попладнево во една од кулите „Џеваир“ во населбата Аеродром, што предизвикало вознемирување кај станарите кои биле исплашени и дел од нив ги напуштиле своите домови.

„На 01.10.2023 год во 16.45 часот било пријавено дека во стан од една од кулите „Џеваир” настанал пожар во кујната, додека во него не биле сопствениците. Притоа, противпожарниот систем се активирал и го изгаснал пожарот. Повредени лица нема, а полициски службеници излегле на лице место“, информира МВР.

Фото: Инфомакс



LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here