дома Македонија И Османи, во име на ОБСЕ, загрижен за зголемувањето на српските воени...

И Османи, во име на ОБСЕ, загрижен за зголемувањето на српските воени трупи меѓу Косово и Србија

61





Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во својство на претседавач со ОБСЕ, денеска изрази загриженост за зголемувањето на српските воени трупи долж границата меѓу Косово и Србија.

На својот профил на Фејсбук тој напиша дека денеска го контактирал српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за да ја изрази нашата загриженост.

„Ги поздравувам изјавите за повлекување на војската како прв чекор кон деескалација. Ја поздравувам одлуката на НАТО за дополнителни трупи на КФОР. ОБСЕ присутен и подготвен да помогне во намалување на тензиите и поттикнување на дипломатскиот процес“, пишува Османи на Фејсбук.

МИА

– Реклама –








ПредходнаТурција веќе ништо не очекува од ЕУ
СледнаПочнува намалувањето на роаминг цените за дата податоци со земјите од ЕУ