дома Магазин Намирници што ја зголемуваат енергијата и го намалуваат чувството на умор

Намирници што ја зголемуваат енергијата и го намалуваат чувството на умор

54

Чувството на замор најмногу се јавува по напорна физичка и психичка работа, но може да дојде и по квалитетен и долг сон. Виновник за тоа е главно изборот на храната која често ја консумираме.

Нутритивно богатата храна ни обезбедува повеќе витамини и други хранливи материи во споредба со високо преработената храна.

Непреработена храна

Иако хамбургерот и помфритот се многу вкусен оброк, тие имаат мала хранлива вредност. Преработената храна обично е полна со конзерванси, адитиви, натриум, транс масти и вештачки состојки кои можат да ве забават. Затоа, изберете храна што ќе ја зготвите сами.

Свежо, сезонско овошје и зеленчук

Колку е посвежа храната, толку повеќе хранливи материи содржи. Зеленчукот и овошјето содржат големи количини на хранливи материи, особено ако се работи за сезонска храна од домашно производство.

Пијалаци без кофеин

Доволно да се пие кофеин во умерени количини бидејќи има и одредени здравствени придобивки. Сепак, кофеинот во кафето и во чајот му дава на вашето тело само краткорочен поттик, што доведува до тоа да е подобро да одберете некои овошни сокови без додаден шеќер.

Посни протеини

Црвеното месо е богато со маснотии, па наместо тоа, изберете немрсни извори на протеини како пилешко, мисиркино месо или риба. Покрај тоа, рибата богата со омега-3 масни киселини, како што се лососот и туната, може да додаде корисни масти здрави за срцето.

Цели житарици и сложени јаглехидрати

Рафинираните јаглехидрати како шеќерот и белото брашно додаваат малку хранливи материи. Наместо тоа, изберете храна која содржи цели зрна и сложени јаглехидрати, кои ќе ве држат сити подолго време, но и ќе ви дадат добро чувство на енергија.

Јаткасти плодови и семиња

Јаткастите плодови и семињата се едни од најдобрите намирници за надминување на заморот и гладот. Јадењето различни јаткасти плодови и семиња може да обезбеди здрави хранливи материи и енергија. Изберете сирови и несолени верзии на јаткасти плодови.

Вода

Водата е најдобриот можен избор и е неопходна за оптимално функционирање на организмот. Иако водата не дава енергија во вистинска смисла бидејќи содржи калории, таа го хидрира телото и на тој начин ја одржува вашата енергија.

Витамини и додатоци во исхраната

Ако не добивате се што ви е потребно од храната, размислете за земање витамини на дневна база. Консултацијата со нутриционист или лекар може да ви помогне да започнете со режимот на додатоци.

Овес

Овесот содржи многу влакна и е добар за луѓето кои имаат ненадејни скокови и падови на шеќерот во крвта. Изберете непреработена овесна каша бидејќи тие не содржат дополнителни адитиви и шеќери. Можете да ја јадете и како ужинка, а не само за појадок.



ПредходнаПрогнозите на OPEC за побарувачката на нафта се оптимистички
СледнаПожар зафати стовариште на приватна компанија во кумановско Доброшане