Home Македонија Црна хроника Приведено лице од неготинско, пронајдени 320 литри акцизна стока

Приведено лице од неготинско, пронајдени 320 литри акцизна стока

0
Приведено лице од неготинско, пронајдени 320 литри акцизна стока

На 01.10.2023 во 15.20 часот на наплатната станица Градско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност го привеле К.Ц.(23) од с.Тимјаник, неготинско.

При преглед во патничкото возило „мерцедес“, кое го управувал, бил пронајдена и одземена акцизна стока, односно 17 туби со вкупно 320 литри алкохолен пијалак без никакви документи. Лицето било задржано во полициска станица, а за настанот била известена Царинската управа. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here