дома Свет Во Турција приведени 20 лица по бомбашкиот напад во Анкара

Во Турција приведени 20 лица по бомбашкиот напад во Анкара

77





Во полициските акции во Истанбул и Киркларели против Курдистанската работничка партија (ПКК), која Турција ја смета за терористичка организација, по бомбашкиот напад во Анкара се приведени 20 лица.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја денеска изјави дека 20 лица се приведени во акциите што беа спроведени на 26 адреси во Истанбул и Киркларели, јави Анадолија.

Тој наведе дека утврдиле кои „се лицата кои собирале помош за членови на терористичка организација кои биле уапсени и осудени за активности на терористичка организација“.

„Фатени се 20 луѓе. Со молитви и поддршка на нашата драга нација, нашата борба ќе продолжи решително додека не биде неутрализиран и последниот терорист“, рече министерот Јерликаја.

Работничката партија на Курдистан ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад вчера во Анкара.

Бомбаш самоубиец активираше експлозив во близина на Министерството за внатрешни работи во турската престолнина Анкара, неколку часа пред почетокот на седницата на Парламентот по летниот одмор.

Двајца припадници на полициските сили се полесно повредени, додека другиот напаѓач е убиен во размената на оган со полицијата.

МИА

– Реклама –








ПредходнаАлбанските опозициски партии нема да гласаат за уставните измени ако не се тргне формулацијата „20 отсто“
СледнаЦипрас на гости кај Заев во Струмица