дома Магазин Каталин Карико и Дру Вајсман добитници на Нобеловата награда за физиологија или...

Каталин Карико и Дру Вајсман добитници на Нобеловата награда за физиологија или медицина

59

Добитници на овогодинешната Нобелова награда за физиологија или медицина се унгарската биохемичарка Каталин Карико и американскиот научник Дру Вајсман. Тие ја добија наградата за нивниот придонес во развојот на мРНА вакцина против коронавирусот, пренесува Н1.

Како што објави Нобеловиот комитет, нивните наоди беа клучни за развојот на ефективни мРНА вакцини против коронавирус за време на пандемијата што започна на почетокот на 2020 година.

Преку нивните револуционерни откритија, кои фундаментално го променија нашето разбирање за тоа како мРНА комуницира со нашиот имунолошки систем, лауреатите придонесоа за невидена стапка на развој на вакцината за време на една од најголемите закани за човековото здравје во модерното време.

Инаку, досега се доделени 113 Нобелови награди за физиологија и медицина од 1901 година, кога за првпат е доделена ваквата наградата. Најмладиот лауреат беше Фредерик Бантинг, кој со само 32 години ја доби оваа награда за откривање на инсулинот, во 1923 година.



ПредходнаФилмот на Бијонсе ја пополнува празнината во кината што ја остави холивудскиот штрајк
СледнаЗагина тинејџер на автопатот Гостивар-Тетово, излетал од коловоз и удрил во бетонски столб