Пожар зафати стовариште на приватна компанија во кумановското село Доброшане, информираа денеска од противпожарната единица и СВР Куманово. Пожарникарите од територијалната противпожарна единица го гасеа пожарот скоро 13 часа. Пожарот веднаш бил локалиизран, но екипите работеа на негово целосно гаснење до 03:00 часот по полноќ.
Пожарот бил пријавен вчера околу 14. часот, во гасењето биле вклучени повеќе возила и неколку екипи. Според противпожарната единица во гасењето на пожарот биле вклучени пет возила и девет пожарникари. Еден пожарникар вдишал чад, бил однесен во болница и по укажување на лекарска помош бил пуштен.
СВР Куманово информираше дека пожарот бил пријавен вчера во 14.15 часот во Доброшане. Полицијата денеска го заврши увидот.